Search

Асистентот на Мурињо кандидат за позицијата на Венгер

Асистентот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, Руи Фарија е уште едно име кое се поврзува за менаџерската позиција на Арсенал. 

На почетокот на неделата имаше информации дека Жељко Бувач, десната рака на Јирген Клоп, речиси се договорил со „топџиите“ да застане на чело на тимот. Тоа го направи Србинот во фаворит на обложувалниците за позицијата на Арсен Венгер.

Помошникот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, Микел Артета, исто така, е едно од имињата што се поврзуваат со тренерското место на „Емирати“.

Сега дојде време да се случи истото со Фариа, кој веќе 18 години работи со Мурињо. Самиот менаџер на „црвените ѓаволи“ мисли дека неговиот асистент е подготвен за таква улога и тој би бил среќен да му помогне, ако тој тоа го сака.

– Не знам дали тој сака да биде менаџер. Вие ме прашувате дали мислам дека тој би бил соодветен и мојот одговор е „да“. Го велам тоа, бидејќи тој е повеќе од мој асистент. Тој е мој пријател. Ако еден ден мојот пријател има можност да добие голема работа, јас би му помогнал да си го спакува багажот и би му посакал среќа. Па така, ако еден ден тоа се случи, јас ќе бидам првиот кој ќе се почувствува среќен, бидејќи го сретнав, кога беше уште дете на факултет и веќе 18 години сме заедно, ги прокоментира Мурињо   информациите на медиумите на Островот.

Треба да знаете
Последни објави