Search

АМСМ: Слаб снег на Маврово и на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На повисоките планински места во западните и југозападните делови од државата, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ има остатоци од кашест снег на коловозот, кој не претставува пречка за одвивање на сообраќајот. Снег со слаб интензитет провејува на Маврово и на планинскиот превој Стража. Во Гостивар врнежите се од дожд и снег.

Од АМСМ соопштуваат дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража е укината утрово во 05.30 часот, додека пак на патниот правец крак Маврово-Дебар во 06.15 часот. Намалена видливост поради појава на магла од 50-60 метри има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, до 50 метри на патниот правец Делчево- Г.П. Делчево и до 100 метри во Крушево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Треба да знаете
Последни објави