Search

АЛАРМАНТНО: ЖИВЕЕМЕ НА СЕДАТИВИ

Се бара таблета за смирување повеќе

Алармантно се зголемува бројот на  лица кои користат таблети  за смирување. Младата популација ги користи на своја рака, а додека повозрасните бараат рецепт од лекар. Статистиката поразителна, дури 31, 4  отсто од жени и 19, 5 проценти од мажите користат седативи за смирување и сон. Ова го покажало последното истражување на Институтот за јавно здравје. Лекарите пак вината ја лоцираат во брзото живеење и стресниот живот.

„Она што треба да не загрижува сите во нашата држава е токму употребата на лековите за смирување, седативите каде што во текот на последниот месец  24 проценти од лицата на возраст од 15 до 64 годишна возраст  кажале дека користеле седативи“, вели Силвана Ончева – Институт за јавно здравје на Република Македонија

„По однос на образовната структура доминираа лицата со средно и вишо образование, додека во однос на вработеност доминираа вработените со околу 45 проценти“, вели Елена Ќосевска –  Институт за јавно здравје  на Република Македонија

Лекарите велат кај младите се поатрактивен станува и канабисот кој е лесно достапен на пазарот. Оваа  илегална дрога според истражувањето високо котира кај популацијата од 15 до 16 години кои прв пат  ја пробуваат.

„Употребата на илегалните дроги е околу  2 проценти, но загрижува фактот што таа има тренд на пораст и е поврзано со возраста, така што 15 и 16 годишна возраст  веќе околу 5 проценти од децата искажале дека од дотогашниот живот пробале еднаш до два пати марихуана“, вели д-р Шабан Мемети – директор на Институт за јавно здравје на Република Македонија

Граѓаните контра статистиките. Велат не користат често таблети за смирување.

„Никако, се доживуваат и проаѓаат. Не користам седативи“,
„Не користам никакви седативи. Во стресни ситуации плачам“,
„Само музика, си пуштам радио, телевизија не, тоа е лекот“, велат анкетираните граѓани

Од Министерството за здравство рекоа дека  податоците ќе бидат анализирани и земени во предвид во креирањето на новите здравствени политики.

Треба да знаете
Последни објави