February 3, 2023 21:31
Македонија

AA: РКЕ да креира пакети за субвенционирање за семејни потрошувачи

Во оваа тешка година на економска и енергетска криза низ која поминуваме, најкритикувана и напаѓана институција во земјава е РКЕ (регулаторната комисија за енергетика), институција која ја карактеризираа многу скандали и афери, тотално неодговорна институција и професионално неподготвена.
За ова време, експонентите на оваа институција дадоа контрадикторни изјави за јавноста, изјави кои не се совпаѓаат со реалноста, бидејќи тие:
– се главните виновници кои ги создадоа и одобрија блок тарифите за високата тарифа за домаќинствата потрошувачи на електрична енергија,
– се главните виновници кои ја отстранија ефтината тарифа во временскиот интервал од 14:00 до 16:00 часот,
-се главните виновници бидејќи на секои шест месеци имаме поскапување на цената на електрична енергија за домаќинствата и индустриските потрошувачи,
– се главните виновници бидејќи одобрија нов тарифен систем, којшто ги принуди индустриските потрошувачи на електрична енергија да плаќаат сметки по повисоки вредности во споредба не само со другите земји во регионот, туку и со некои земји-членки на ЕУ,
– се главните виновници, бидејќи со нивното нереагирање создадоа невиден хаос во енергетскиот сектор, бидејќи иако либерализацијата на пазарот на електрична енергија започна од 2014 година, таа сè уште не е завршена, и
– се главните виновници што со нивното непостапување, на многу компании кои ги искористија поволностите на либералниот пазар на електрична енергија од 2014 до 2021 година, по почетокот на енергетската криза, им овозможија да се вратат да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга.
Во текот на вчерашниот ден оваа институција преку својот прв човек, во јавноста истакна дека како резултат на „преземените реформи и примената на блок тарифите, постигнати се позитивни резултати во концептот на рационално користење на потрошувачката на електрична енергија и дека од периодот од јули 2022 до октомври 2022 година е потрошена 16,32% помалку електрична енергија со висока стапка во однос на истиот период пред една година”.
Оваа изјава на г-дин Бислимоски е полн со лаги и невистини, изјава со која се обидува на потрошувачите да им „продаде сапун за сирење”, бидејќи токму овие реформи и блок тарифи кои беа одобрени и се применуваат се критериумите што семејните и индустриските потрошувачи плаќаат многу високи сметки.
Го потсетуваме првиот човек на РКЕ дека рационалната потрошувачка на електрична енергија беше резултат на:
– самоосвестувањето на семејните потрошувачи дека струјата треба да се штеди и рационално да се користи во ова време на длабока економска криза, бидејќи нивниот семеен буџет е крајно исцрпен и не се во финансиска состојба да ги плаќаат високите сметки, и
-климатските промени на глобалното затоплување.
Ова ќе го илустрираме со еден пример, просечните температури во земјата во текот на месец октомври оваа година преку ден беа на ниво од 20° целзиус и во вечерните часови на ниво од 11° целзиус, додека во истиот период пред една година просечните температури во текот на денот беа на ниво од 15° целзиус и преку ноќ на ниво од 8° целзиус. Во текот на месец октомври оваа година имаше два дена со дожд, 9 дена со облаци и 20 дена со сонце, додека во текот на месец октомври минатата година 8 дена имаше дожд, 11 дена облаци и 12 дена со сонце, значи климатскиот фактор беше дополнителна причина за да се троши помалку електрична енергија
Алијанса за Албанците ја повикува РКЕ, согласно стратегијата за рационализација и заштеда на електрична енергија, да креира пакети за субвенции за семејните потрошувачи. Поконкретно, предлагаме секој семеен потрошувач (без разлика на блок тарифите на потрошувачка) кој заштедува електрична енергија во однос на истиот период лани, да се субвенционира со износот на заштедениот процент, односно доколку потрошувачот заштеди 20% од својата потрошувачка од таа од претходната година, тогаш заклучуваме дека сегашната сметка за струја треба да се субвенционира на потрошувачот за 20%.
Оваа субвенција да се лимитира од износот 300, 00 денари до 6.000,00 денари.
Во текот на следните денови Алијанса за Албанците ќе излезе со конкретни предлози поврзано со тарифниот систем и блок тарифите за семејните потрошувачи.
Одделот за економија при Алијанса за Албанците