Македонија

AA и Алтератива: Владата СДСМ-ДУИ ги дискриминира своите граѓани, а ги привилегира Србите

Соопштение на Коалицијата Алијанса за Албанците-АлтернАтивА во врска со најавата на министерот за здравство, Венко Филипче за бесплатната атарина за државјаните на Србија

„Владата на Северна Македонија која не стигна навремено да обезбеди вакцини против covid 19 за граѓаните, а еден мал број на вакцини обезбеди од Србија која ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија да се вакцинираат во таму, сега ќе ги награди граѓаните на Србија ослободувајќи ги од патарините. Министерот за Здравство, Венко Филипче, заедно со Владата, со широкоградност кон граѓаните на Србија сака да го покрие негобиот срам и неспособност за невремено обезбедување на вакцини за да се спасат животи.

Од друга страна имаме многу села што се на самиот автопат и тие граѓани секој ден плаќаат патарини на наплатните места иако нивните села се наоѓаат на само 2-3 километри од наплатните пунктови.  Ја потсетуваме Владата на протестите на граѓаните од селото Тетовско Седларце, коишто со право протестираа барајќи ослободување од патарината, бидејќи нивното село се наоѓа на непосредна близина од 3 км од наплатното место, а тие немаат алтернативен пат.

Слични случаеви има многу во регионот на Гостивар, Куманово, Скопје, Велес итн.
Неприфатливо е ова, на србските граѓани да им се овозможува бесплатно користење на автопатите на Северна Македонија во одреден период, додека на нашите иселеници им се наплатува на наплатните пунктови во евра по висок курс споредено со службениот.  Имаме илјадници администратори од градовите на Тетово, Куманово, Гостивар, Велес и Кичево коишто секојдневно патуваат за Скопје плаќајки ги сите патарини по нашите автопати достигнувајќи високи суми, за кои не постои никаква олеснителна мерка иако пред многу години Владата на Северна Македонија ги ослободи од патарини државните административни службеници. Ова е лажната широкоградност на Министерот Филипче и на оваа Влада кои ги ограбуваат нивните граѓани, додека се претставуваат џентлмени пред србските граѓани.

Каков абсурд и срам во исто време!

WCOStream wcostream harley quinn: Jujutsu Kaisen (TV) (https://wcostream.cc/m/Zx4N) Episode 24

ANIMEFLIX one piece animeflix: Watch Death Note Episode 31