July 23, 2021 21:07
Македонија

AA-Алтернатива: Да се интензивира вакцинадипломатија и да се склучат договори директно со фармацевтски компании

Интегралниот текст од прес конференција на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива

„Тема на денешната прес-конференција на Комисијата за Здравство на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е пандемијата COVID 19 и бавното темпо на масовното вакцинирање на населението во Северна Македонија. Сведоци сме дека пандемијата на COVID 19 ширум светот означува драстично намалување на бројот на инфицирани и смртни случаи и како главна причина е стекнување на колективен имунитет, што ние во Северна Македонија скапо го плативме, со најголема смртност во регионот и пошироко .

Се наоѓаме пред Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, кој е главен и најголем пункт во земјата за масовно вакцинирање на населението. Не само овој центар, туку и сите други, три дена по ред за време на продолжениот викенд беа затворени што ние како Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива го сметаме за погрешен, аматерски и многу опасен чекор. Овој несовесен чин на Министерството за Здравство ги принуди своите граѓани во улога на вакцина-туристи да се вакцинираат во земјите од регионот, трошејќи средства и време иако плаќаат придонеси во нивната матична земја. Срамота е и невиден случај. Само во март оваа година, 15.000 граѓани биле вакцинирани во Србија а нема податоци за другите земји.

Според податоците обезбедени од релевантни светски организација, Северна Македонија е рангирана во првите 10 земји со најмал број на вакцинирани граѓани во регионално и глобално ниво. До 17.06.2021 година само 9,6% биле вакцинирани со две дози, додека само со една доза 3,6% од населението, или во бројки само 199.143 со две дози и 75.567 со една доза:

Во табелата подолу се прикажани 13-те земји со најдобри резултати во светот за масовната вакцинација според процентот на население, а во другата табела вкупниот број на аплицирани дози на државно ниво, меѓу нив се Турција и Србија. Ако ги анализираме земјите во регионот, ќе забележиме катастрофални и деморализирачки резултати на креаторите на здравствените политики во Северна Македонија.

Ако ги анализираме резултатите од вакцинацијата од горенаведените табели на глобално ниво и на регионално ниво, ќе откриеме дека покрај лошото управување со КОВИД 19, Владата 2 на СДСМ и ДУИ тотално потфрлија дури и во масовната вакцинација на своите граѓани што ги потврди нашите сомневања и предвидувања презентирани на претходните прес-конференции.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива од Министерството за Здравство бара:

– Да се интензивира вакцинадипломатија и да се склучат договори директно со фармацевтски компании за да обезбедат соодветни количини, а не со посредништво преку трети компании што нè тера да се сомневаме на валкани игри на владините претставници.

– Да се информира јавноста за ветувањето дека до крајот на месец мај ќе бидат обезбедени 200 000 вакцини Спутник V и 500 000 дози на Синовак;

– Да се ​​информира јавноста колку средства се издвоени за набавка на вакцини и колку дози се обезбедени од буџетски средства дека обезбедувањето вакцини само од донации е недоволно и опасно, потценувајќи не како држава. и истовремено не става во позиција на просјак и неспособност.

 

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Sakura Taisen: Ouka Kenran Episode 4

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Doraemon the Movie: Nobita's New Great Adventure into the Underworld Episode Full

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. Dogs: Bullets & Carnage (https://animeheaven.pro/m/DZM8) Episode 4

KissAnime Gab: https://gab.com/kissanimemx