Search

Aрсовски: Да имаше правда наместо изврштителите, нарачателот Заев ќе беше на обвинителна клупа

Право и правда во Република Македонија одамна нема.

Да имаше правда и независно правосудство, денеска на обвинителната клупа за случајот „Рекет“ за завршни зборови ќе беше подготвен Зоран Заев. Но, бидејќи Заев ги уценува сите, а Вилма Русковска му е под целосна контрола, денеска завршни зборови во случајот „Рекет“ ќе има само за двајца извршители, кои исто така се уценети од Зоран Заев и мораат да молчат и да не ја кажат вистината.

Ова кое што ќе го видиме денес во завршните зборови и слушнеме е само фарса за пред граѓаните, да се спаси Зоран Заев од сигурен затвор за случајот „Рекет“ односно за рекетирање на над 1.5 милиони евра од бизнисмен.

Рекетот во висина од 1.5 милиони евра во Луј Витон торба стана навика на оваа Влада на СДСМ и Заев целиот овој мандат.

Од самиот почеток случајот се води непрофесионално и аматерски. Најпрвин извршителите беа известени од Зоран Заев дека сите се знаат за рекетот, а потоа им беше допуштено одреден период да бришат, прикриваат докази и губат телефони во кои што има доказен материјал.

Денеска гледаме дека Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал, а граѓаните на големо ја зборуваат неговата улога во случајот „Рекет“.

Сите знаат кои се извршителите, а кој е главниот организатор. Тоа е Зоран Заев. Но, тоа ќе го докаже независното правосудство и судство кое не е уценето од Зоран Заев.

На Заев и СДСМ им се брза што побрзо да го завршат случајот „Рекет“ пред изборите, за да не се дознаат нарачателите на случајот „Рекет“. Заев е свесен дека само во вакво „трас-трас“ судство ќе може да се извлече од очигледниот случај фатен за рекетирање.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и затоа ќе победи на изборите. Со СДСМ и Заев добивме „Рекет“, хибриден режим, неспособност и сиромаштија.

Му доаѓа крајот на Заев, доаѓа крајот на СДСМ, на нивниот криминал и лагите.

 

            Новинарско прашање: Дали е можно да има избори во јуни  и дали за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив датумот 5 јули?

            Одговор на новинарско прашање: Она што можам да го потенцирам е дека избори во јуни не се можни. Тоа го докажува и актуелната ситуација со ново заразени кои што во моментов ги евидентираат здравствените установи. Од она што можам да кажам дека за датум за избори ќе мора да се разговара консензуално односно во моментот кога ќе се оцени дека е можно да се одржат изборите бидејќи најважно во моментов ни е здравјето на граѓаните, а не спас на нечија кариера на некој функционер од СДСМ.

            Новинарско прашање: Комисијата за заразни болести предложила до владата олабавување на сите мерки, отворање на границите од 1 јуни. Дали тоа значи дека е притисок за одржување на брзи избори?

            Одговор на новинарско прашање: Ќе мора да ги согледаме сите аргументи од Комисијата за заразни болести кои што ќе бидат изложени. Еве гледаме дека сите оние бројки кои што јавните здравствени установи ги излагаат со нив во медиумите, значат дека наместо да стишува корона заразата гледаме дека бројките се зголемуваат и напротив се шири во период додека дел од државите во регионот прогласуваат победа врз корона вирусот, ние гледаме дека кај нас во моментов се зголемува бројката на ново заразени. Сеуште за нас е несфатливо како е можно до вчера да имаме 58-часовен карантин, а од денеска Комисијата за заразни болести да предлага олабавување на мерките и практично како ништо да не се случило, но како што реков ќе мора уште еднаш да ги погледнеме аргументите, а во однос на притисокот за избори како што реков избори во јуни не се можни бидејќи сите бројки кои што ги гледаме на ново заразени упатуваат на тоа дека во моментов здравјето на граѓаните е најважно, а не спас на нечија политичка кариера.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави