Search

Aпсење поради закани со смрт на Вучиќ и неговото семејство

Едно лице беше уапсено вчера поради сомневање дека на „Твитер“ му се заканувал со смрт на српскиот претседател Александар Вучиќ и најавил киднапирање на член од неговото семејство.
Заканите се најдоа на „Твитер“, а корисникот кој стои зад нив пишува дека „му се ближи крајот на Вучиќ и никој нема да го спречи тоа”, а како што пренесува „Блиц“, уапсен е еден новосаѓанец поради сомневање дека стои зад овој налог.

Авторот на твитовите очигледно сакал да остави впечаток дека зад него стои Мосад, израелска тајна служба, која често ја спомнува заканувајќи му се на Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави