Search

Aпелација одлучи: Jанева оди во куќен притвор

Катица Јанева оди во куќен притвор. Вака денеска одлучи скопскиот апелационен суд, по жалбата на екс специјалната обвинителка. Инаку таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати. Сега Јанева оди во домашен притвор но без гаранцијата.

Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет

Според Телма, таа ќе биде во станот на својот син, а апелациониот суд за да ја донесе ваквата одлука пред себе го имал имотниот лист од овој стан, но и ја ценел здравствена состојба на екс специјалната обвинителка, околностите дека може да се обезбеди од дома, дека веќе има обвинение, но и ја одзел и патната исправа а државата не смее да ја напушти ниту со лична карта.

Сега Јанева има и забрана да комуницира со луѓето инволвирано во случајот Рекет.

Судењето за неа и останатите обвинети треба да започне на 3-ти Декември.

Претходно денеска адвокатот Сашо Дуковски, бранител на Бојан Јовановски на прес конференција побара неговиот клиент итно да биде хоспитализиран оти животот му е во опасност. Тој најави кривични пријави за сурово и нечовечко однесување кон Боки 13 на кому му биле укратени уставните права на лекување.

Треба да знаете
Последни објави