Search

„Aнонимус“: Лондон преку „невладина организација“ се меша во внатрешните работи на европските држави

Хакерите од „Aнонимус“ изјавија дека поседуваат документи кои ги расветлуваат активностите на лондонската невладина организација во рамките на проектот  “Integrity initiative“, која Лондон, наводно, ја користи за мешање во внатрешните работи на европските земји.

Во соопштението на групата се наведува дека британската влада основала тајна служба од големи размери низ цела Европа, САД и Канада, со цел да се меша во внатрешната политика на европските држава. „Анонимус“ на својата веб-страница пишува дека британската невладина организација тврди како нејзината официјална мисија е „да ја заштити демократијата од дезинформации”. Повикувајќи се на „голем број” на документи кои протекоа, групата тврди дека „Integritiy initiative“, која беше основана есента 2015 година како мрежа на групи во Европа и Северна Америка, всушност, е проект кој е финансиран и раководен од Лондон, преку “скриени контакти на британските амбасади”.

Најдобар пример за активностите на групата, наведуваат „Анонимус“ е операцијата во Шпанија во која Педро Бањос, познат по своите про-руски симпатии, бил спречен да стане шеф на шпанската агенција за разузнавање.

Според документите објавени на веб-сајтот, шпанска група која е дел од мрежата започна кампања во јуни со цел да се поттикне медиумска турбуленција и вршење влијание на политичките партии во Шпанија да побараат од шпанскиот премиер Педро Санчез да не го назначи Бањос.

„Анонимус“ тврдат дека британската разузнавачка служба може да врши слични операции во Србија, Црна Гора, Франција, Германија, Италија, Грција, Холандија, Литванија и Норвешка.

„Сите работи се одработуваат во апсолутна тајност, преку скриени контакти на британските амбасади, што предивикува понатамошно сомневање дека Велика Британија користи веродостоен изговор за да создаде глобален систем за влијание на информации и мешање во внатрешните работи на други земји”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави