Search

Aнкета на СТРАТУМ: За СДСМ ќе гласаат 26,1отсто, за ВМРО-ДПМНЕ 23,8 отсто од граѓанитема

Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври
го спроведе кварталното истражување омнибус во кое е вклучена континуирано и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии.

Истражувањето се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаницата
односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства.
Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%

На прашањата поврзани со рејтинг на политичките партии се потврдуваат податоците од телефонската анкета спроведена на крајот на септември со мали статистички нејзначајни разлики кај сите политички субјекти освен пораст во категоријата дека не знаат за кого ќе гласаат како и во оние кои нема да излезат на избори.
На прашањето Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори?

Од оние кои се изјасниле дека ќе излезат да гласаат рејтингот на политичките партии е прикажан на графикот

Резултатите укажуваат на благ оптимизам споредено со периодот од Јули 2020 те првиот бран од пандемијата каде оптимизмот беше на најниско ниво.
Така на прашањето Дали финансиската состојба во Вашето домаќинство се  подобрила, влошила или пак останала иста во изминативе 12 месеци?

Последните два квартали ситуацијата е подобра, откако во март годинава во време на вториот бран од пандемијата кај населението најсилно се пчувствувале финансиските негативни последици од кризата.

Какви се финансиските очекувања во Вашето домаќинство во следните 12 месеци?

Што се однесува до очекувањата во однос на финансиската сосотојба во домаќинството скоро кај една четвртина од населението дури и подобрена, додека кај половината останала иста. Една шестина од населението се чувтвува финансиски послабо од претходно но, овој процент 18 месеци
по првиот бран од пандемијата се чувствува помалку несигурно односно со стаистички значајна рзлика од над 5%.

Какви се Вашите очекувања во однос на цените во следните 12 месеци?
Во овој квартал има раст на процентот на граѓани кои сметаат дека цените ќе растат (и во категоријата дека ќе рстат со брзо темпо и во категоријата дека ќе растат со споро темпо) како и пад на граѓаните кои од Јули 2020 до сега сметале дека цените ќе останат барем исти или ќе се намалат.


Дали имате намера да купите повеќе, исто или помалку трајни добра (бела техника, мебел, автомобил) во следните 12 месеци (споредено со лани)?

Македонските граѓани споредено од квартал во квартал се изјаснуваат дека имаат намера да купат повеќе трајни добра отколку во претходните квартали.


Каква е моменталната финансиска состојба на Вашето домаќинство?
Најголемиот дел од граѓаните во последните 6 месеци ја оценуваат финансиската ситуација во домаќинството значајно подобра од претходните квартали односно се враќаат на ситуација како во јули 2020 кога сеуште не беа почуствувани најсилно негативните последици веднаш по првиот
бран на пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави