Search

Aнкара: Издаден налог за апсење на организаторите на убиството на Кашоги

Tурскиот државен обвинител издаде налог за апсење на најблиските соработници на официјалниот саудиски заменик шеф на службата за разузнавање, под сомнение дека планирале убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјавиле двајца турски функционери, пренесе Ројтерс.

Во обвинителството заклучиле дека постојат силни сомневања дека Сауд Ал-Катани и генералот Ахмет Ал-Асири, кои беа сменети од функциите во октомври, биле меѓу организаторите на убиството на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул

Треба да знаете
Последни објави