Search

Aлијанса за Албанците: Северна Македонија отворено нуди селективна и еднострана правда

Алијанса за Албанците смета дека во земјава СДСМ и ДУИ спроведуват неселективна правда бидејќи  СДСМ, Мухамет Зекири, кој на својот фејсбук профил објави материјал од прислушуваните разговори не е гонет кривично, а нивниот член Љуљзим Алити за истото дело е кривично гонет.

„Сега веќе се знае дека во РСМ има два вида правда, поточно неправда. Првата е кога станува збор за судење на обичен Албанец и за жал има стотици вакви случаи кога Албанците се судени, осудени и задржани во затвор за дела што никогаш не ги сториле. И втората е еднострана „правда“ со која играат разни игри, само за да се спасат корумпираните политичари кои ја крадат државата и ја втурнаа истата во долгови кои ја загрозуваат иднината на нашата земја. Конкретен случај е кривична постапка поднесена против Љуљзим Алити, член на Алијансата за Албанците, кој се обвинува за споделување на прислушуваните материјали познати како „бомби“, бидејќи се смета за кривично дело.

На ист начин постапи и потпретседателот на СДСМ, Мухамет Зекири, кој на својот фејсбук профил објави материјал од прислушуваните разговори на поранешниот министер Блерим Беџети, но против него никој не покрена кривична постапка. Бараме од правосудните тела да ги третираат граѓаните на ист начин без разлика дали се на власт или во опозиција, Македонци или Албанци, затоа што сите ние сме еднакви пред законот и ни тоа право ни е исто така гарантирана според Европската Конвенција за Човекови Права. .

Доста често се соочувавме со селективна правда, што ги фаворизира „владетелите„ и ги казнува тие што со нивниот глас ве легитимираат вас.“

 

Треба да знаете
Последни објави