Search

Aлиша Кис се залага за ангажирање повеќе жени во индустријата за забава

Алиша Кис има сериозни мисли кога станува збор за еднаквоста.

38-годишната пејачка говореше за застапеноста на жените во индустријата за забава додека беше на настанот Billboard x Amex Impact Brunch во четвртокот.

Ако сакам да најдам жена дизајнер за светло, како можам да ја најдам таква личност? Ако сакам да најдам жена инженер за звук, како можам да најдам таква? Ако сакам да најдам жена менаџер за бизнис или жена адвокат,“ рече таа на сцената додека зборуваше со Гејл Мичел.

„Се случува луѓето да се навикнат да работат со оној со кого работеле порано, а потоа одите да побарате препорака, и тие се навикнати да работат со Џон веќе 100 години, па затоа и ви го препорачуваат Џон.

Таа продолжи да говори за статистиката на жените уметници и објасни дека само 17 проценти од уметниците во Топ 100 на Билборд оваа година се жени.

Пејачката ова го нарече „длабок и вознемиривачки јаз“ и додаде „ако работите се неизбалансирани ние мора да ги исправиме и корегираме“.

Алиша вели дека и самата прави промена со вработување на жена и на тој начин  отвара можност жените да направат бранови во нивните кариери.

На настанот, таа на себе имаше едноставен стилски топ и панталони проткаени со златен конец, креација на Мајкл Корс.

 

 

Треба да знаете
Последни објави