Search

Aлекс Родригез против Џеј Ло во битка за суперјахти на Сен Тропе!

Поранешната бејзбол sвезда се релаксира со русокоса презентерка на спортски вести во брод за крстарење, но не е толку голем како бродот што го изнајмија Бен и Џенифер (Бенифер).

Алекс Родригез и Џенифер Лопез ја прекинаа свршувачката во април оваа година, објаснувајќи во заедничка изјава дека се „подобри како пријатели и сакаат да останат така“.

Но, се чини дека поранешните партнери сега се преокупирани да се надминат еден со друг кога станува збор за нивните луксузни планови за годишен одмор, бидејќи и двајцата во моментот изнајмуваат ривалски суперјахти во Сен Тропе.

Додека неговата поранешна вереница, 52-годишната Џеј Ло, беше фотографирана како се вози со Бен Афлек на мега јахта, Алекс (45) е фотографиран со русокосата ТВ-презентерка за спорт Мелани Колинс (35), na импресивен брод во истиот крајбрежен град на француската ривиера.

Родригез, кој утре полни 46 години, планира да го прослави својот голем ден на јахтата Ocean Paradise која чини 27 милиони евра, со екипаж од 12 членови за 12 гости.

„Пејџ сикс“ цитира аномимен извор дека Мелани како и уште 50 други гости, ќе се забавуваат за роденденот на Алекс.

Сепак, оваа суперјахта е помала од мега-јахтата „Валери“ чија вредност се проценува на 110 милиони евра, а во неа Бен и Џенифер беа видени како пресоздаваат жешки сцени од музичкото видео „Џени од блокот“ од 2002 година. Во неа има 17 кабини и 12 членови екипаж.

 

Треба да знаете
Последни објави