Приведени крадци од Радовиш и Штип, пронајдени украдените предмети и одземеното возило

Радовишката полиција на 7-ми овој месец околу 18 часот во Радовиш го лишила од слобода Е.Б. (20) од овој град. Во извршениот службен разговор тој признал дека во текот на месец февруари, заедно со М.Ш. (18) и уште едно малолетно лице од Штип, на подрачјето на Радовиш извршиле кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“.

Како што информираат од МВР, на 9 февруари во Полициска станица Радовиш бил повикан и М.Ш. (18) кој ги признал делата и доброволно ги предал предметите кои потекнуваат од извршените кривични дела, а исто така, било пронајдено и одземеното моторно возило. По целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави