Во Центар санкционирани 135 возачи

Во акциска контрола Министерството за внатрешни работи вчера санкционира 135 возачи.

Министерството за внатрешни работи, како што информираат, во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при тоа само на територијата на општина Центар изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13, 11 за неисправни и нерегистрирани возила, за возење под дејство на алкохол 16 и 13 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, наведуваат, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави