Старец паднал од автобус на ЈСП и се повредил

На 28.07.2020 во 12.00 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, превезувајќи се во автобус на ЈСП-Скопје „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(37) од с.Јурумлери, скопско, паднал и се повредил Д.Ш.(78) од Скопје.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави