Жена загина откако паднала од тераса во Крушево

Во Полициската станица Крушево вчера околу 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Нико Доага” во Крушево од тераса на нејзината куќа паднала О.Х.(49) – лице со посебни потреби.

Таа била пренесена во ЈЗУ-Крушево, од каде по укажаната лекарска помош била префрлена во болницата во Прилеп каде починала.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави