Седумдесетгодишник со „мерцедес“ усмрти две години постар скопјанец

На 22.07.2020 околу 08.45 часот на крстосница од улиците Пушкинова и Народни херои, автомобил „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(70) од Скопје, удрило во пешакот Д.К.(72) од Скопје.

Старецот починал на местото на незгодата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено  за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави