Настрада дрвосечач во Охридско

На 21.07.2020 година во СВР Охрид, од страна на Планинарската спасителна служба при Црвениот Крст, пријавен е повреден работник во шумскиот појас над охридското село Опеница.

При увид извршен на местото на настанот од полициски службеници и инспектор за безбедност при работа, констатирано е дека Н.Р.(30) од Охрид, вработен во овластена фирма за сечење на дрва со седиште во селото Лескоец, при сеча на шума извршил погрешно насочување на дрво кое при пад, го повредило Б.И.(42) од Охрид, вработен во истата фирма.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави