Подметнат пожар во книжарница во Топанско Поле

На 20.07.2020 во 08.04 часот во СВР Скопје, А.И.(45) од Скопје пријавил дека во периодот од 10.00 часот на 19.07. до 08.00 часот на 20.07.2020 непознат сторител го скршил стаклото од влезната врата на неговата книжарница на улицата Методија Митевски.

При тоа настанал пожар, во кој биле оштетени печката, принтерот, книги и друг училишен прибор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави