Уапсени четворица скопјани, демолирале џип пред Совет на град Скопје

На 20.07.2020 во 12.46 часот пред Совет на град Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(39) од с.Сарај, Е.А.(25) од с.Глумово, А.З.(36) и Б.З.(33), двајцата од с.Ласкарци, бидејќи со разни предмети оштетиле паркирано патничко  возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.С.(53) од с.Шишево, по што се обиделе да побегнат со две патнички возила „ауди“ и „голф“, со скопски регистарски ознаки.

При нивен преглед од страна на полициски службеници, кај С.М. бил пронајден пиштол „Токаѓу 58“, а кај А.З. бил пронајден пиштол „Екол тигар“, кои ги поседувале без дозвола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави