Жена загина во судир на три возила на патот Прилеп- Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со екипа на крим-техника од МВР ОВР Прилеп, извршија увид на патот Прилеп – Битола, каде вчера во попладневните часови се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а едно беше потешко повредено.

Според првичните сознанија, во несреќата учествувале три возила- „фиат дукато“, управувано од З.Б.(60) од Прилеп, „ауди А8“ управуванo од Б.Т.(22) од Битола и „фиат добло“ што го управувал М.К.(21) од Прилеп.

Во незгодата на лице место починала В.В.(36) од Прилеп, сопатничка во „доблото“. Сопатникот во „аудито“ на возраст од 19 години, најпрвин бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болницата во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје.

Веднаш по извршениот увид, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување траги и предмети кои можат да послужат како доказ за утврдување на причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатата.​

Треба да знаете
Последни објави