На скопјанец му го искршиле стаклото од автомобилот по сообраќајка во Охрид:

Скопјанец добил исеченици по телото по инцидент вчера во Охрид, информираше МВР.

-Инцидентот вчера околу 18.45 часот во СВР Охрид го пријавил З.Т.(60) од Скопје. Додека бил во автомобил „рено лагуна“, заедно со неговото семејство во близина на Завод за нефрологија, каде претходно се случила собраќајна незгода, застанало џип „ренџ ровер“. Во возилото имало три лица, кои по претходна расправија, излегле, а еден од нив го скршил стаклото од возачката врата при што З.Т. се здобил со повреди, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави