(Видео) Тројца цивили убиени во израелски напад врз Сирија

Сириската државна новинска агенција САНА објави дека сириските воздушни одбранбени системи се спротивставиле на наводна израелска агресија од либанскиот воздушен простор и пресретнале неколку проектили.Тројца цивили се убиени како резултат на наводните израелски напад, а погодени биле станбени згради во населбите Хујеира и Адлија, прецизира агенцијата.

Претходно, непотврдени извештаи сугерираа дека нападите биле изведени на територии во близина на Сајида Заинаб, кои ѝ припаѓаат на либанската милиција Хезболах и иранските сили Кудс. Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не го коментирале инцидентот.

Во регионот често се регистрирани воздушни напади, а за скорешниот САНА извести на 20 април, откако сириските системи за воздушна одбрана одвратиле напад на израелските воздушни сили на небото над Палмира, соборувајќи неколку непријателски проектили.

Според извештајот на „Џерусалим пост“, воздушниот напад ја таргетирал воената база Тијас на сириските арапски сили, позната и како воздухопловна база Т-4. Меѓутоа, одбранбените сили на земјата не го коментираа нападот во тоа време.

Дамаск во повеќе наврати го обвини Израел за изведување нелегални воздушни напади врз Сирија, барајќи од меѓународната заедница да изврши притисок врз Тел Авив за ова прашање. Израел, пак, презеде одговорност само за некои од овие воздушни напади.

Треба да знаете
Последни објави