ЕХФ им „плукна“ в лице на (по)малите европски земји

Македонскиот ракомет е меѓу најпогодените од одлуката на ЕХФ да организира завршен турнир во Лигата на шампионите без да се одиграат елиминациските фази, како и патнци на СП-2021 да бидата селекциите кои завршија до 14. место на ЕП. Со овој неочекуван потег на скопски Вардар му се одзема европската титула без право да се се бори на паркетот, каде во осминафиналето требаше да игра со унгарскиот Пик Сегед, а најдобрата македонска машка селекција која е редовен учесник на големите натпреаврувања и се одзема шансата да го задржи континуитетот преку бараж-дуелот со Франција, која се залагаше за ваквиот метод на одредување на патниците на СП. Франција заврши 14. место на ЕП, а Македонија беше 15. На Макеоднија сега и остана само надежта дека би можела да добие „вајлд карта“ за учество на мундијалот. Овој отег на ЕХФ ги разгневи и ракометарите и спортските работници, а најбурно реагираше првиот човек на летонскиот ракомет, Мартинш Бичевскис.

-Шокиран сум од решението на предводниците на европскиот ракомет, кое е донесено без никаква дебата. За мене тоа е плукање в лице на ракометарите и на ракометните работници во многу, најчесто (по)мали европски земји. Без разлика на предизвикот кој го наметна пандемијата со коронавирусот, ова решение во најмала рака не во согласност со фер-плејот, изјави Бичевскис.

Треба да знаете
Последни објави