(Видео) Италијански пратеник: Во Италија, 96% од луѓето не умреле од коронавирус, сето тоа е лага

Додека се зголемува бројот на заболени и починати од коронавирус во Италија, некои луѓе не веруваат во официјалните податоци на државата. Италијанскиот пратеник Виторио Сгарби е еден од нив.

Италија е првата земја во Европа во која се појави пандемија на коронавирус и е една од најтешко погодените земји со новата болест. Бројот на почиинати надмина 26.000, а скоро 200.000 се заболени.

Како што пристигнуваат нови податоци за бројот на жртви секој ден, има луѓе кои не веруваат во официјалните бројки.

Се создаваат голем број теории на заговор, како и основа за манипулација со податоците.

На официјалните бројки не им верува ниту италијанскиот пратеник Виторио Сгарби.

Сгарби со своите изјави предизвика голем немир во парламентот, велејќи дека на јавноста и се кријат податоците за жртвите.

Според него, 96 проценти од починатите од корона воопшто не починале од вирусот, туку од смртоносните болести што ги имале порано, и дека сето тоа било фалсификувано.

Тој исто така откри дека бројката од 25.000 мртви од коронавирус во Италија е фалсификувана и претставува оркестрирана измама.

„Да ја кажеме вистината,со лажните бројки се тероризираат Италијанците. 25.000 луѓе починале од срцев удар или карцином, немојте да ги искористиме за понижување на Италија, за да им даваме на граѓаните лажни вести. Ова е начин да се тероризира Италија и да се воспостави диктатура на согласност“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави