УЕФА им стави на располагање 70 милиони евра на клубовите кои партиципираат со играчи во репрезентациите

УЕФА за да ги ублажи финсиските загуби на екипите поради прекините во првенствата во екот на пандемијата со коронавирусот одлучи на клубовите кои имале репрезентативци да им подели 70 милиони евра. овие пари ќе бидат разделни меѓу екипите чии играчи настапувале во квалификациите за Европското првенство и во Лигата на нациите.

Покрај оваа финансиска помош УЕФА ќе одвои и дополнителни 130 милиони евра кои ќе бидат наменети за клубовите чии играчи ќе настапат на завршницата од ЕП 2021 година. На овие пари клубовите ќе можат да сметаат по завршувањето на првенството.

 

Треба да знаете
Последни објави