Лекари на Флорида украле знаме од кампањата на Трамп

Полицијата во Флорида соопшти дека двајца лекари украле знаме од дворот на свој сосед, кое било реквизит од претседателската кампања, во знак на поддршка на Доналд Трамп.

Џефри Мајкл Фреш (41) и Лора Ен Веб Фреш (38), наводно, го симнале знамето на 7 април во присуство на нивните две деца, јавуваат медиумите, а пренесува агенцијата АП.

Во извештајот на шерифот на округот Санта Роса се вели дека престапниците користеле скала за да го спуштат знамето.

Станува збор за дајцата лекари, гинеколози, инаку сопружници кои работат во различни болници.

Тие се обвинети за неколку кривични дела, вклучително и кражба, по што биле ослободени од окружниот затвор.

Треба да знаете
Последни објави