Поранешната двојка Паф Диди и Џеј Ло со танцување собраа 3,5 милиони долари за болниците

Раперот Шон Комбс (50), попознат како Паф Диди, реши да му помогне на светот во борбата против пандемијата на коронавирус. Тој организираше програма за танцување на социјалните мрежи за да собере пари за американскиата непрофитна организација „Direct Relief“.

Тој, исто така, ја покани највлијателната Латиноамериканка во светот Џенифер Лопез (50) која танцуваше со својот свршеник Алекс Родригез. Инаку, во 90-тите години Џен и Шон биле во врска три години. Но, дури и по разијдувањето, поранешните љубовници останале во добри односи.

За време на eмисијата на раперот му се придружиле и неговите три сина кои покажале танцови вештини. Бројни обожаватели коментираа дека оваа објава во живо им го разубавила престојот во карантин.

https://twitter.com/EdonaGKrasniqi/status/1249456054850772994

Во хуманитарната акција, еден од најбогатите рапери во светот собра околу 3,5 милиони долари што ќе ги донира на најсиромашните земји за да набават медицинска опрема.

Треба да знаете
Последни објави