ВМРО-ДПМНЕ: Copy-paste соопштенија Copy-paste лаги, има ли некој во СДСМ или спам ги пушта истите мејлови со лаги!?

Соопштение до јавноста- реакција на соопштението на СДСМ

 

 Copy – paste соопштенија Copy – paste лаги. Има ли некој во СДСМ или спам ги пушта истите мејлови со лаги!? СДСМ ги врти истите лаги истиот текст секој ден, како на расипана грамофонска плоча ја трујат јавноста со невистини. ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна кажа дека ќе се откаже од државното финансирање, но функционерите на СДСМ не се откажуваат од своите плати.

СДСМ ја лаже јавноста и не се откажува од својот профит за време на криза. Олигархијата заработува милиони, а народот и претприемачите осиромашуваат. Наместо водење на ПР во криза СДСМ требаше одамна да ги засука ракавите и да им помогне на граѓаните и фирмите, но тоа не го видовме, гледаме само сеење на лаги.

Ништо друго не може ни да се очекува од партија која не осудува говор на омраза, од лица кои очигледно се поттикнати од неа.“

Треба да знаете
Последни објави