Во Загреб прогласена состојба на природна непогода поради земјотресот

– Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ денеска прогласи состојба на природна непогода поради земјотресот што вчера го погоди градот.

Град Загреб ќе распише јавен повик до физичките и правните лица да достават писмени пријави за утврдување штета на објектите.

Од вчера наутро, во Загреб и околината се регистрирани речиси 40 земјотреси, од кои првите два беа најсилни и предизвикаа значителна материјална штета на објекти, а повредени се повеќе лица. 

Треба да знаете
Последни објави