Москва: Причина за смртта на жената заразена со Ковид-19 е емболија

Рускиот Оперативен штаб за борба против Ковид-19 попладнево соопшти дека причина за смртта на жената заразена со новиот коронавирус е емболија.

„Не се евидентирани смртни случаи од коронавирусот”, го пренесува ТАСС соопштението на Оперативниот штаб. Оттаму објаснуваат дека со аутопсија било утврдено дека 79-годишната жена од Москва, која имала воспаление на белите дробови, починала од емболија, односно од тромб кој влегол во крвните садови во белите дробови.

Руската агенција посочува дека жената боледувала и од дијабет и церебралноваскуларни болести.

Во изнинатите 24 часа, во Русија се евидентирани 52 нови случаи на заразата, во 23 руски региони, со што вкупниот број инфицирани се зголеми на 199.

Треба да знаете
Последни објави