На секои десет минути од коронавирусот умира по еден Иранец

Во Иран на секои 10 минути умира по едно лице заболено од коронавирус, а 50 нови се заразуваат, објави агенцијата „Ројтерс“.

Турскиот весник „Хаберлер“ денеска објави дека вкупниот број на смртни случаи во Иран е 1.284.

Иранските власти соопштија дека 149 лица починале во изминатите 24 часа, дека се потврдени 1.046 нови случаи и дека вкупниот број потврдени случаи во Иран изнесува 18.407.

Досега од вирусот се опоравиле 5.797 пациенти.

Заедно со Кина, Италија, Јужна Кореја и Иран е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата.

Иранските власти презедоа мерки за борба против ширењето на вирусот, вклучително и затворање на сите училишта и факултети, откажување на сите спортски настани и забрана за патување во странство за иранските функционери.

Треба да знаете
Последни објави