Надал при враќање во Шпанија на задолжителниот тест за коронавирусот доби позитивен резултат

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е позитивен на коронавирусот. Ова го покажало тестото направен при влезот во неговата земја Шпанија откако настапуваше на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Надал по ваквиот исход од тестирањето во Шпанија веднаш се огласи преку социјалните мрежи, и напомена дека додека претстојувал во Кувајт и во Абу Даби изминатиот период додека настапувал се тестирал на секои два дена и сите резултати биле негативни.

Здраво на сите, сакам да ве известам дека по враќањето дома по настапот на турнирот во Абу Даби бев тестиран и ПЦР тестот беше позитивен. И во Кувајт и во Абу Даби, не тестираа на секои два дена и сите тестови беа негативни. Имам непријатни моменти, но се надевам дека ќе се опоравам. Моментно сум дома и го пријавив резултатот на сите лица кои беа во контакт со мене. Со оглед на ситуацијата ќе треба да направиме некои промени во распоредот на турнирите и ситуацијата ќе биде добро анализирана од мене и мојот тим, напиша Надал.

Треба да знаете
Последни објави