Арсенал мерка три ѕвезди на Јувентус

Се верува дека Артета одново ќе добие поддршка од раководството на клубот за засилувања во јануарскиот преоден рок по успешните инвестиции во летниот преоден рок.

Арсенал се подготвува да тргне по две ѕвезди на Јувентус уште во јануарскиот преоден рок, известува „Марка“, а тоа најмногу се однесува на засилувања во средниот ред за „Топчиите“.

Се верува дека Дејан Кулушевски, Артур Мело, но и сензационално враќање на Арон Ремси се опциите кои на маса ги имаат „Топчиите“, а поради настапите на Томас Парти и Мохамед Елнени на Африканскиот куп на нации, клубот од Лондон ќе мора да пронајде некое решение.

Раководството на Арсенал го поддржа Микел Артета во летниот преоден рок донесувајќи му ги Бен Вајт, Мартин Едегард, Арон Рамсдејл, Такехиро Томијасу, Алберт Самби Локонга и Нуно Тавареш за вкупно 145 милиони фунти, а заклучокот е дека инвестицијата барем засега се исплати.

Што се однесува пак до Ремзи, тој беше дел од составот на „Топчиите“ цели 11 години, а за Јувентус потпиша без никакво обештетување откако му истече договорот, а од клубот од Торино доби неделна плата од 400 илјади фунти.

Треба да знаете
Последни објави