(Видео) Новиот „Сан Сиро“ од една милијарда евра ќе почне да се гради во 2026 година

Италијанските фудбалски гиганти Интер и Милан до стартот на 2027 година ќе добијат свој модерен стадион вреден една милијарда евра. Миланските тимпови до крајот на годинава ќе ја потпишат целата документација со американските инвеститори за изградбата на „новиот Сан Сиро“, објави денеска „Газета дело Спорт“.

Според најпознатиот италијански спортски весник, преговорите со американските инвеститори и изведувачи е завршен и останува само да се потпише документација, откако градските власти во Милано го одобрија просторниот план и ја издадоа дозволата за градба на стадион во близина на актуелниот фудбалски храм. Миланските клубови веќе после бројните понуди ги избрале изведувачите и сега почнува реализацијата на планот за нов стадион.

„Газета“ посочува дека изградбата на новиот стадион ќе стартува веднаш по завршување на Зимските Олимписки игри во 2026 година и до стартот на сезоната 2027/28, стадионот ќе биде подготвен за двата милански великани. До тогаш двата клуба ќе играат на стариот стадион, кој ќе се користи за потребите на ЗОИ во Торино и Милано, а потоа постепено ќе биде срушен.

Покрај новиот стадион ќе се изгради и цела нова станбена зона, а целиот проект ќе биде зелен со максимално користење на самообновливи извори на енергија и во духот на архитектурата која преовладува во Милано во изминативе години.

Изгледот на стадионот е инспириран од катедралата Дуомо, а ќе има комплетна стаклена и осветлена фасада која ќе ги менува боите во зависност кој клуб ќе игра во моментот, а ќе има и дополнителни содржини на целиот стадионски комплекс. Цената е 1,2 милијарди евра, а ќе има капацитет од 65.000 гледачи, што е далеку помалку во однос на сегашниот капацитет на „Сан Сиро“ од преку 80.000.

Треба да знаете
Последни објави