Цената на Елмас скока, Де Лаурентис порачува дека не е за продажба

Откако фудбалската оперваторија ЦИЕС пред неполн месец објави во својата анализа дека македонскиот фудбалски интеранционалец Елиф Елмас на берзата достигна цена од 70 милиони евра и заедно со Матијс Де Лихт од Јувентус, се најскапите млади фудбалери до 23 години во Серија А, голот кој го постигна викендов “дијамантот“ за победа во дербито против Милан на „Сан Сиро“ го вратија во италјанските медиуми. Речиси во секој текст деновиве посветен на Елмас  италијанските медиуми ја потенцираат неговата вредност од 70 милиони евра!

Џорџо Гарди, еден од менаџерите на македонскиот репрезентативец Елмас, за италијанските медиуми објасни зашто е толку висока цената. Според него допрва Елмас треба да го покаже сиот фудбалски потенцијал, додавајќи дека сезонава блеска зашто има континуитет на настапи кај Спалети.

-Колку вреди Елмас, 70-80 милиони? Мое мислење е дека тоа е реална вредност, зашто Елмас е 1999 годиште, а веќе има 100 мечеви за Наполи, 65 меча се меѓународни, над 30 за репрезентацијата на Македонија… И нема многу фудбалери во Европа кои на оваа возраст може да се пофалат со вакви бројки, а само врвните играчи имаат ваква статистика. Но, на крај трансфер-пазарот ја одредува цената, вели Гарди.

Елмас има договор со Наполи до 2025 година, што дополнително ја качува неговата цена ако некој се реши да го купи. Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на заинтересираните клубови им дава ист одговор– не се продава Елмас.

Треба да знаете
Последни објави