Киану Ривс му даде поддршка на Ѓоковиќ, а Надал го испрати во пензија

Скандалот со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ добива се поголеми размери, откако расте бројот на спортисти, но и други познати личности кои го поддржуваат во борбата да учествува на Аустралија опен.

Ова особено откако најголемиот ривал на Новак, Шпанецот Рафа Надал отворено го искритикува Србинот застана во одбрана на австралиските власти, кои не му даваат виза на Ѓоковиќ. Шпанецот го навлече гневот на голем број негови сонародници, кои велат дека повеќе нема да навиваат за Надал туку за Ѓоковиќ кој ја брани слободата и кој сега доживува неправда.

И големата холивудска ѕвезда Киану Ривс му даде поддршка на Новак Ѓоковиќ. Ѕвездата на Матрикс Ривс реагираше и на објавата на Рафаел Надал кој пред неколку дена се пофали дека веќе е во Мелбурн и се подготвува да игра на тенискиот турнир каде засега Ѓоковиќ не смее да игра.

-Прави што сакаш, Новак останува еден и единствениот шампион што го знаеме! Надал, подготвен си да се пензионираш, заедно со Федерер, му порача Ривс на Шпанецот.

„Гледате, дефинитивно верувам дека нешто треба да се преземе, се вакцинирав поради други, поради здравјето на мајка ми, но како се справуваме со ситуацијата на Новак е лошо, навистина лошо. Овие наслови, зборуваме за нашиот голем шампион, но на крајот на денот, тој е само човек. Бидете подобри“, изјави тенисерот Ник Кирјос.

„Ова низ кое што минува Новак во моментов не е во ред. Нема оправдување за третманот што го доби. Ги почитуваше правилата, му беше дозволено да влезе во Австралија, а сега го држат против негова волја. Ова е толкав срам“ додаде Џон Изнер.

Треба да знаете
Последни објави