Цветановска 95. на 10 километри крос кантри

Ана Цветановска, учествуваше во драматичната трка на 10 километри крос кантри. Македонската репрезентативка, во конкуренција на 98.натпреварувачки, го освои 95.место. Цветановска трката ја заврши со време 39.57,4 минути. Од победничката Терезе Јохауг имае послаб резултат за 11.51,4 минути.

Траката на 10 километри донесе драматичен расплет. Норважанката Терезе Јохауг, победи со време 28.06,3 минути. Во целтаа таа беше побрза са замо четири десетинки од Керту Нисканен од Финска.

Бронзата и припадна на сонародничката на Нисканен, Криста Пармаковски, која зад победничката Јохауг задовцни за 31,5 секунди, а од четвртопласираната Јулија Непријаева од Русија, беше побрза за само една десетинка.

Треба да знаете
Последни објави