Моторџија и сопатничка повредени во Охрид, се судриле со „пежо 205“

На 27.10.2019 во 13.15 часот на крстосница oд улиците „Железничка“ и „Винковачка“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо 205“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(71) од с.Долно Лакочереј, охридско, и мопед „џилера ранер СП 50“, со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(24) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката на мопедот М.М.(25) од Охрид и била пренесена во болницата „Свети Еразмо-Охрид“ за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

 

 

Треба да знаете
Последни објави