Протест на барателите на азил на Лезбос

Десетина баратели на азил се придружија на протестниот марш во бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос, барајќи веднаш да бидат преместени во Атина.

Тие бараат и побезбедни услови во бегалскиот камп, како и истрага во врска со инцидентите кои се случија во неделата, кога во пожар настрада една жена а неколку други мигранти беа повредени.

Полициски сили се распоредени долж патот околу Морија, за да ги спречат демонстрантите да дојдат до градот Митилене.

Како што се наведува, во кампот Морија се наоѓаат над 10.000 мигранти кои престојуваат во тешки услови.

Треба да знаете
Последни објави