Роналдо по завршувањето на договорот со Јуве ќе оди во пензија

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо сеуште го сака фудбалот, но не крие дека почнува да размислува за заминување во пензија, по завршувањето на договорот  со Јувентус. Португалец има 34 години. Доминира на фудбалските терени повеќе од една деценија.

Во разговор со Спортбајбл, Кристијано Роналдо открива дека може да оди во пензија за година – две.

-Се уште сум заљубен во фудбалот. Обожавам да ги забавувам луѓето кои го сакаат Кристијано. Годините се само бројка, најважен е менталитетот. Но, во последниве пет години почнав да се гледам надвор од фудбалот, ми се допаѓа замислата, и кој знае што може да се случи за година – две – вели Роналдо, кој има догворна обврска со Јувентус до 2022 година.

Кристијано Роналдо фудбалската слава максимално ја користи за други бизниси и спонзорски договори. Тој е заштитно лице на Најк и се верува дека ЦР7 е само третиот спортист, по Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, кој има доживотен договор вреден една милјарда долари со познатата американска копанија за спортска опрема.

-Не сакам да копирам никого. Морате да бидете свој, но секако дека можете да земете некои мали детали и да научите нешто од добрите примери, не само во фудбалот, туку и од другите спортови како Формула 1, НБА, голф, УФЦ и сл. Најдобрите спортисти имаат слична работна етика.

Запрашан дали може да стане успешен бизнисмен како што стана успешен фудбалер Португалецот вели:

-Се уште не сум надвор од фудбалот, но јас сум компетитивно момче, не сакам да бидам број два или број три. Секогаш сакам да бидам број 1. Ќе го сторам тоа, 100% сум сигурен.

Треба да знаете
Последни објави