Кривична за тројца скопјани за фалсификување документи за автомобил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П.(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. На 20.12.2012 првопријавениот, вработен во Бирото за метрологија – Скопје, изготвил потврда за отворање на постапка за идентификација на патничко возило во сопственост на Ш.А. од с.Граешница, на која како сопственик навел податоци од негов колега, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. По ова, второ и третопријавениот, како вработени во Бирото за метрологија – Скопје, ваквата потврда ја овериле со своерачен потпис и печат, и покрај тоа што на неа немало потпис од изготвувачот, додека во прилог имало копија од сообраќајна дозвола од возилото која не била заверена на нотар.

 

Треба да знаете
Последни објави