Спасовски се сретна со албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леша

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со заменик министерот на МВР, д-р Агим Нухиу и градоначалникот општина Ресен Живко Гошаревски денес во општина Пустец, соседна Албанија, се сретна со албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Лешај, како и градоначалникот на Пустец, Пали Колевски и пратеникот во албанскиот парламент од овој крај Васил Штериовски.

Заблагодарувајќи се на градоначалникот на Пустец за иницијативата за организирање на средбата, како и на неговиот албански колега за денешното гостопримство, министерот Спасовски потенцираше дека унапредувањето на безбедноста, како основа за развој на државите, е од заеднички и примарен интерес и за Република Северна Македонија и за Република Албанија.

“Интерес на нашето МВР е унапредување и продлабочување на билатералната оперативна полициска соработка со МВР на Република Албанија на повеќе нивоа“, истакна министерот Спасовски потенцирајќи дека тоа е од приоритетно значење и по националната но и по регионалната безбедност. Истовремено, тој нагласи дека Владите на двете земји се должни заедно да работат на подобрување на севкупните услови за живот на луѓето а во тој контекст ја апострофираше иницијативата за интегриран пристап во менаџирањето на граничниот премин Ќафасан, а во насока на олеснување и динамизирање на протокот на луѓе и стоки преку овој граничен премин кој би функционирал по принципот “One stop shop”.

“За мене како заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и како министер за внатрешни работи пораката што денес ја испраќаме токму од овде во Пустуц, општина која што е мост меѓу Македонија и Албанија, не е само порака за добрососедските односи туку и порака за заедничка поддршка за развој на оваа област, и со тоа сакаме да им порачаме на граѓаните што живеат во Пустец дека тие ќе можат да сметаат на нашата целосна поддршка во подобрување на животните услови“, истакна министерот Спасовски во својата изјава по работната средба со неговиот албански колега Лешај.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави