Протести во Пакистан во знак на солидарност со Кашмир

Во повеќе градови низ Пакистан денеска дојде до застои бидејќи илјадници луѓе излегоа на протести во знак на солидарност со спорниот регион Кашмир, откако Индија на почетокот на овој месец ја укина неговата автономија.

На радијата и теевизиите се емитуваат пакистанската и кашмирската химна, сообраќајот е во прекин, семафорите се исклучени, а возовите не сообраќааат.

Британските медиуми јавуваат дека сето ова се организира во рамки на кампањата на премиерот Имран Кан да го привлече светското внимание за судбината на поделениот хималајски регион.

-Со нив сме во овие тешки времиња. Пораката која од овде денеска ја испраќаме е дека ќе бидеме со нив се додека Кашмирците не ја добијат слободата, рече Кан пред илјадниците демонстранти во главниот град Исламабад.

Овој доминантно муслимански регион долго време е запаллива точка меѓу двата нуклеарни соседа- Индија и Пакистан. Двете земји имаат под владение делови од Кашмир, но и двете полагаат право врз целиот регион.

Треба да знаете
Последни објави