Амбасадорот на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар попладнево ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство.
Трето место доби истражувачкиот серијал објавен на „Макфакс“ од Кристина Озимец и Васко Маглешов насловен „Пратеничките скандалозни суми за патни трошоци“. Втората награда ја доби Сашка Цветковска за истражувачката сторија „Тајните играчи од САД позади македонските `фејк њуз велешки сајтови`“ Првата награда ја добија Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска за истражувачката сторија „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“.
Наградите се дел од тековниот проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“.
Целта на доделувањето на овие награди на ЕУ е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство. За наградата пристигнале 20 апликации од 23 новинари, а од нив осум влегле во потесен избор. Од овие осум стории се избрани наградените три.