Азар најдобар минатата сезона во Лига Европа

Белгискиот фудбалски интернационалец Еден Азар, како играч на  Челзи со кого го осовија  трофејот во Лига на Европа минатата сезона е избран за најдобар во ова клупско натпреаврување на УЕФА. Белгиецот сега е член на Реал Мадрид. Во дресот на Челзи, Азар во финалето од ЛЕ против Арсенал (4:1) постигна два гола и имаше една асистенција.

Тој собра 340 поени повеќе во анкетата од вкупниот број на конкурентите – Оливие Жиру (199) и Лука Јовиќ (94).

Во топ 10 има уште тројца играчи на Челзи – Н’Голо Канте, Вилијан и Педро Родригез.

 

Треба да знаете
Последни објави