Омилен наставник добил отказ затоа што бил единствениот маж во училиштето

Наставникот во Основното училиште „Камил Сијариќ“ во Нови Пазар, Бахрија Сијариќ, добил отказ од неговиот директор три дена пред почетокот на учебната година. Родителите на децата на кои класен раководител им бил наставникот Сијариќ, му дале поддршка и организирале протест пред училиштето. Сијариќ рекол дека тоа е нелегално, и дека ќе ги бара своите права преку суд.

Директорот на ова училиште, Хајрадин Селимовиќ, изјавил дека морал да предложи некого за технолошки вишок затоа што се намалил бројот на одделенијата, па го предложил Бахрија Сијариќ затоа што тој бил единствениот маж во колективот. Тој истакнал дека ќе стори сé за да нема технолошки вишок и дека не зависи од него, туку од администрацијата на училиштето и од министерството.

Треба да знаете
Последни објави